X
 21.01.2019 Економија

Индиска сојузна држава го почнува најголемиот експеримент со задолжителен основен приход

Малата индиска сојузна држава Сиким ќе почне експеримент со основен приход за сите 610.000 жители. Доколку се реализира, потегот би бил најголемиот експеримент на основен приход во историјата.

Додека поддржувачите на ваквите концепти, како основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, велат дека ова може да помогне да се ублажи сиромаштијата и да се посвети внимание на предизвикот од автоматизацијата на работата, противниците велат дека ваквите концепти може да ја намалат желбата за работа и дека би било огромен трошок.

Важно е да се забележи дека деталите за експериментот се нејасни. Не се знае колкава сума пари ќе добива секој жител, а годината кога ќе почне спроведувањето на планот, 2022, сѐ уште е далеку. Сепак, индиските политичари имаат надежи.

- Тука станува збор за политичка волја. Со зголемувањето на глобалната нееднаквост ние сакаме да се осигуриме дека ја премостуваме разликата - истакна П.Д. Раи, парламентарец од Сиким.

Во 1998 година Сиким беше една од првите индиски сојузни држави што ја забранија употребата на пластични кеси, која беше успешно имплементирана. Исто така, државата обезбеди сместување за сите жители. Неодамна таа стана и првата органска држава, елиминирајќи ја употребата на пестициди и на вештачко ѓубриво.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија