X
 21.01.2020 Живот

Професија чија просечна годишна плата е над 90.000 евра

Фронтенд-инженерите имаат просечно ниво на задоволство од работата - 3,9 од вкупно 5 на рангирањето на веб-страницата „Гласдор“, што ја носи нивната професија на првото место за 2020 година во однос на задоволството од работата, платата и отворањето на работните места.

Фронтенд-инженерите развиваат код што го подобрува искуството на клиентот и корисникот и создаваат, инсталираат и тестираат елементи на кориснички интерфејс на веб-страницата.

Зошто овие инженери се најдоа на врвот на листата? Според Аманда Стенсли, аналитичарка на економското истражување во „Гласдор“, постои сè поголема конкуренција помеѓу технолошките и нетехнолошките компании за овие улоги. „Гугл“ и „Мајкрософт“ обично вработуваат вакви инженери, но побарувачката за нив е сè поголема и од страна на други компании.

На ранг-листата „Најдобрите професии во Америка за 2020 година“ се најдоа и Јава-девелоперите, кои се на 2. место, научниците за податоци, раководителите на производи, инженерите, инженерите на податоци, софтверските инженери, патолозите, менаџерите на стратегии и менаџерите на бизнис-развој.

- Поради силната конкуренција на пазарот на трудот и задржувањето на талентот, сè повеќе компании вложуваат во искуството на своите работници на работното место - вели Аманда Сенсли.

profesija
Фото: Getty Images

Во своето истражување, „Гласдор“ претходно ги согледа погодностите што водат кон зголемување на задоволството на вработените. Анализата заклучи дека здравственото осигурување на работното место е многу важно, но ако е проследено со добар платен одмор и платено слободно време, пензија, стоматолошко осигурување и породилно отсуство.

Ова се топ-5 професии на листата на „Гласдор“:

1. Фронтенд-инженер

Задоволство на работното место: 3,9/5
Број на работни места: 13.122
Просечна плата: 94.934 eвра

2. Јава-програмер

Задоволство на работното место: 3,9/5
Број на работни места: 16.136
Просечна плата: 75.403 eвра

3. Научник за податоци


Задоволство на работното место: 4/5
Број на работни места: 6.542
Просечна плата: 97.245 eвра

4. Лидер на проект

Задоволство на работното место: 3,8/5
Број на работни места: 12.173
Просечна плата: 106.186 eвра

5. Програмер

Задоволство на работното место: 3,9/5
Број на работни места: 6.603
Просечна плата: 96.802 евра
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот