Три Фингрс е името на три планински врва во рамките на планините Каскада во округот Снохомиш, во американската држава Вашингтон. На еден од овие врвови, во 30-тите години на минатиот век била изградена дрвена куќа, еден вид видиковец за набљудување на пожарите во областа, која денес привлекува внимание.
Куќата била изградена од Харолд Енглес и Фред Бенеш во периодот помеѓу 1930 и 1932 година. Местото првично било срушено за да се создаде рамна основа. Градежниот материјал го пренесувале животни на 180 метри од врвот, а потоа, со помош на систем со јажиња и скали, бил влечен до избраното место.
Дрвената рамка на оваа еднособна колиба е прицврстена на темелот, а структурата се држи на место со кабли закачени на блиските карпи. Надворешноста е опремена со систем за заштита од гром, а на прозорците има кепенци кои спречуваат силните ветрови да го разнесат стаклото.
Иако колибата се наоѓа на надморска височина од 2.094 метри, теренот е прилично непристапен, така што треба да сте искусен алпинист за да можете да се искачите. Искачувањето е најлесно во лето, но и тогаш ќе ви треба различна опрема. Потребни се многу трпение и внимание. Ако успеете да се искачите до куќата, можете да ја поминете ноќта во неа бесплатно.
Колибата е најстарата преживеана градба од ваков вид во државата Вашингтон, а преживеала благодарение на група волонтери кои стојат зад името планинари „Еверет“. Имено, ентузијасти за планинарење се заљубиле во нејзината неверојатна локација и се грижат за нејзиното одржување. Тие го смениле покривот на колибата во 2015 година, а материјалите за таа работа биле транспортирани со хеликоптер. Пред две години биле завршени сите поголеми поправки, вклучувајќи и замена на сите скршени прозорци.
Фото: Screenshot/YouTube