X
 21.04.2026 Живот

Почина новинарката Гордана Дувњак

По долго боледување, на 61 година, почина Гордана Дувњак, истакната македонска новинарка од светот на политиката и правдата.

Својата кариера како новинар ја започнува во 1988 година во Македонската радио-телевизија, каде што останува две години.

Во периодот од 1991 до 1999 година работи во „Нова Македонија“. Долги години работи како новинарка, а потоа стана уредник во весникот „Утрински весник“, во периодот од 1999 до 2017 година.

Во 2017 година се вработи во новинската агенција Макфакс.

Во 2018 година работи во 1ТВ како новинар и одреден период како уредник на телевизијата.

Од 2019 година работеше во „Фокус“.

Професионалната кариера ја заврши како лице за односи со јавноста во Судскиот совет.

Погребот на Гордана Дувњак ќе се одржи утре на гробиштата во Бутел. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во 11:00 часот, а погребот ќе започне во 12:00 часот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот