X
 21.05.2023 Живот

Уникатен проѕирен базен кој „виси“ над улицата

Хотелот „Џул“ (The Joule) во центарот на бизнис-квартот во Далас, Тексас, стана туристичка атракција поради својот базен.

Необичната положба на стаклениот базен на 10. кат од хотелот го прави уникатен. Тој „излегува“ 2,5 метри од остатокот од зградата и изгледа како да види над улицата. Најхрабрите што ќе допливаат до крајот од базенот може да погледнат долу и да се чувствуваат како да лебдат.



Базенот е мала оаза сред бетонската џунгла во Далас, па затоа е популарно место во летните месеци за туристите, но и за локалните жители кои може да стигнат до него со дневна влезница од 50 долари.

„Џул“ е луксузен хотел со 161 соба. Тој е преполн со интересни уметнички дела, вклучувајќи и неколку дела на Енри Ворхол. Освен базенот, тој привлекува внимание и со скулптурата од око пред влезот на зградата.



Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: The Joule
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот