Познатиот романски лекар д-р Михаил Паутов, кој има голем број следбеници на социјалните мрежи, во интервју зборуваше за промените низ кои поминува телото по 40. година, како и за влијанието на исхраната врз имунолошкиот систем.
- По 40. година, срцето и крвните садови бараат посебно внимание, бидејќи тие први ги трпат последиците од стресот и промените поврзани со стареењето. На пример, тогаш во мојата исхрана вклучив коензим Q10, кој го поддржува клеточниот метаболизам, а тој со годините се забавува. Сепак, не експериментирајте со ништо, па ни со суплементи, без консултација со лекар - вели д-р Паутов.
Во друго интервју, лекарот ги наведе намирниците што ги исфрлил од исхраната по 40. година од животот.
Преработени месни производи - главните „саботери“ од фрижидерот
- Колбаси, виршли, салами и индустриски произведена сланина - исфрлете ги! Светската здравствена организација (СЗО) уште во 2015 година го класифицираше преработеното месо како канцероген од групата 1, ставајќи го во иста категорија како тутунот. Сè се сведува на начинот на производство. Чадењето, конзервансите, нитритите - во организмот се претвораат во супстанции што ги оштетуваат клетките. Тоа е како темпирана бомба - нагласува тој.
Неодамнешното истражување на Универзитетот „Харвард“ од 2023 година покажа дека дури и 30 грама преработено месо дневно, што е приближно едно парче сланина, го зголемува ризикот од колоректален карцином за 15 отсто. Исто така, научниците од Универзитетот „Оксфорд“ пронајдоа врска помеѓу индустриските сувомесни производи и развојот на тумори на желудникот и панкреасот.
- Генерално, не сум против месото. Но, ако зборуваме за производ што може да стои со месеци и има текстура што потсетува на пластика, тоа веќе не е храна, туку хемиски експеримент - вели докторот.
Белиот шеќер - сладок непријател на имунолошкиот систем
- Шеќерот не е непријател ако го внесувате умерено и ако е нерафиниран. Но, кога го внесувате во поголеми количини преку слатки и во форма на рафиниран бел шеќер, тој станува гориво за воспалителни процеси. А каде што постои хронично воспаление, постои и зголемен ризик од развој на рак - вели д-р Михаил Паутов.
Како што објаснува, механизмот е едноставен: наглите скокови на нивото на гликоза го оптоваруваат панкреасот, кој потоа лачи вишок инсулин. Ова го поттикнува растот на клетките, вклучително и абнормалните. Истражување објавено во списанието „Нејчр“ во 2022 година покажа дека високото ниво на шеќер во крвта го зголемува ризикот од рак на дојка кај жени во постменопауза за 22 отсто.
- Шеќерот го ослабува имунолошкиот систем. Белите крвни зрнца, кои треба да се борат против оштетувањето на клетките, наместо тоа трошат енергија на неутрализирање на вишокот гликоза. Тоа е како да испратите војска да собира обвивки од бонбони наместо да ги чува границите - сликовито објаснува тој.
Што избира за својата исхрана?
На прашањето кои намирници најчесто ги избира за себе, д-р Паутов одговара: -Риба, јајца, леќа, грав...
Тој додава дека ниту скарата и стековите не се негов прв избор, туку дека печеното пилешко со зачини е многу подобра опција. Кога посакува нешто слатко, избира овошје и помали количини мед.
- Понекогаш си дозволувам намаз од урми. Сладок е, но помалку штетен - објаснува тој.
Зеленчук варен на пареа, супи, зелен чај, како и суплементи со витамини Ц и Д и цинк, исто така се дел од неговата секојдневна рутина.
- Имунолошкиот систем треба правилно да се храни, особено по 50. година од животот. Топло препорачувам зеленчук варен на пареа, супи и зелен чај - вели тој.
Извор:
6yka.com
Фото:
Instagram