X
 21.11.2018 Живот

На извршниот директор на „Епл“ денот му почнува во 4 часот наутро

Добро е да станеш пред изгрејсонце ако ја раководиш највредната компанија на светот. Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, во едно интервју откри дека секој ден станува во 4 часот.

Ќе се запрашате што прави толку рано. Кук истакна дека еден час посветува на читање електронска пошта од корисници на „Епл“ и „надворешни луѓе“. Потоа оди во вежбалница и вежба, што, како што вели тој, му помага за намалување на стресот.

- Станувам пред 4 часот, сакам да го искористам првиот час и да ги прегледам коментарите на корисниците и слични нешта и на некој начин да се фокусирам на надворешните луѓе, кои ни се толку важни. Потоа одам во вежбалница и вежбам еден час бидејќи тоа ми помага да го држам стресот подалеку од мене - истакнува Кук.

Тим Кук
Фото: Business Insider

Кога Кук ќе заврши со утринските рутини, се будат другите, а тој веќе е подготвен да го започне денот - кој вклучува од 700 до 800 е-пораки што тој ги добива дневно. Наводно, тој ги чита поголемиот дел од нив.

Кук сака да спие по седум часа во текот на ноќта, па тоа значи дека би морал да си легнува околу 20:45 часот за доволно да се наспие.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот