X
 22.04.2018 Живот

Прекинете да учите за тест

Филозофот Сенека во „Морални писма“ ги опишува лекциите што треба да се научат од „Одисеја“ на Хомер.

Дали се прашувате низ кои региони скитал Одисеј? Но, ние немаме слободно време да слушаме предавања за прашањето дали тој бил во морето помеѓу Италија и Сицилија, или надвор од нашиот познат свет (навистина, толку долго скитање не можело да се случи во рамките на неговите тесни граници); ние сами наидуваме на бури на духот, кои секојдневно нè потресуваат, а нашата изопаченост нè вовлекува во сите незгоди што го вознемирувале и Одисеј. Покажете ми преку примерот на Одисеј како да ја сакам мојата земја, мојата сопруга, татко ми и како, дури и по бродолом, да отпловам кон овие цели, чесни како што се.

Учениците и студентите, од античко време до денес, се трудат да ги запомнат сите имиња, датуми и локации од „Одисеја“, но сите тие детали се споредни. За Сенека, вистинските лекции од „Одисеја“ се моралните лекции. „Одисејата“ не е само за Тројанскиот коњ, туку е за љубов, чест, искушение, горделивост и истрајност

На училиште наставниците можеби ве испрашувале секакви детали од книга, предавање или филм за да видат дали сте внимавале на материјалот. Тоа е систем кој некогаш функционира, но тоа е погрешен пристап во образованието. Наместо да се фокусираме на вистинските лекции од приказната - зошто сето тоа се случувало - ние научивме да забележуваме кој, што, кога и каде. Научивме да учиме за тестот. Време е да прекинете со тоа, секако, ако веќе не сте прекинале.

Време е да научите да учите само за себе. Кога читате книги, гледате филмови и гледате претстави, барајте начини да ги примените лекциите што ги учат ликовите во вашиот живот. Освен ако не планирате да победите на квиз, нема потреба да ги запомните сите тие мали детали што не ве прават подобри личности.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот