X
 22.08.2017 Култура

Десет божји заповеди според Рудолф Штајнер

1. Секој човек има скриени способности за постојано лично духовно усовршување. За успешно поминување на овој пат, секој треба пред себе да ја постави вистинската цел – не сопственото духовно богатство, туку што поголем личен ПРИДОНЕС за духовен развој на ОСТАНАТИТЕ ЛУЃЕ (човештвото).

2. Во себе развивајте „благочестиво“ расположение: бидете скромни и во себе развивајте чувство на длабоко, вистинско почитување кон ВИСТИНАТА, кон ПРИРОДАТА и кон ВСЕЛЕНАТА. Бидете бескомпромисен борец против сите видови лаги, измами, догми и предрасуди.

3. Воздржувајте се од КРИТИЗИРАЊЕ, осудување на другите луѓе и озборување. Во сè барајте и задржувајте се само на она што е позитивно, благородно и убаво. Борете се и не дозволувајте во вас да се развијат какви било негативни емоции.

4. МЕДИТИРАЈТЕ секојдневно, барем 5 минути. Тоа значително ќе придонесе за постигнување внатрешен мир и психичка стабилност. Ќе ви го олесни спроведувањето на сите други активности не само во секојдневниот живот туку и на патот на вашиот духовен напредок.

5. Смирено и без предрасуди, повеќе со срце и душа отколку со умот, НАБЉУДУВАЈТЕ ЈА ПРИРОДАТА и потрудете се да ја разберете што подлабоко, да ги сфатите и почувствувате вистинските случувања во неа...

6. Бидете свесни дека за еден чекор нанапред на патот на вашиот духовен развој мора да направите три чекори на патот на усовршување на сопствената личност. Затоа обидете се во својот секојдневен живот да внесете што повеќе доблести (скромност, добрина, вистинољубивост, храброст, истрајност, одлучност, добронамерност...), а целосно да ги истиснете негативните особини (себичност, грубост, колебливост, лажење, плашливост, неразумност, ароганција...) и негативните емоции (омраза, лутина, страв, завист...)

7. Настојувајте во секојдневниот живот да бидете смирени, достоинствени, храбри и одлучни. На сите опасности и неволји гледајте им право в очи, а проблемите и тешкотиите решавајте ги веднаш, без двоумење!

8. Настојувајте вашиот живот да биде хармоничен. Остварувајте хармонични односи со луѓето околу вас, во согласност со законитостите и ритамот на природата.

9. Развивајте во себе скромно чувство дека им припаѓате на човечкиот род, природата и вселената. Разбудете го во себе чувството на БЛАГОДАРНОСТ кон нив, кон природата и Творецот.

10. Одвреме-навреме застанете и извршете ревизија на сè што ви се случувало во периодот што поминал. Проверете дали вашите постапки биле правилни, како и вашите животни ставови, цели и содржини.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура