X
 10.04.2023 Живот

Се бара кандидат за работа во природа на Исланд за плата од 46.000 евра, без никакви квалификации

Дали ве привлекува плата од 46.000 евра за работа во природа без никакви квалификации?

Оваа неверојатна понуда за работа на Исланд бара да го документирате идиличниот начин на живот на овој нордиски остров.

Освен што ќе биде менаџер на социјалните медиуми, од кандидатот ќе се бара да ги посети најубавите атракции на Исланд. Она што е најдобро е што од кандидатот ќе работи четири дена во неделата.

Огласот за работа е објавен од компанијата „Сиги“, која произведува јогурт во исландски стил.

Според огласот за работа, главната улога на кандидатот ќе биде да го промовира начинот на живот на Исланд. Кандидатот ќе треба да создава содржина за социјалните медиуми на компанијата, да предлага нови вкусови на јогурт и да го документира своето време поминато во истражување на поларната светлина, водопадите, глечерите и другите природни чуда на Исланд.

Кандидатите мора да имаат важечки пасош, силни вештини за пишување и фотографирање и желба да живеат едноставен живот.

Извор: Thesun.co.uk
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот