На 27 октомври 2025 година, во периодот од 11 до 14 часот, во непосредна близина на кино „Манаки“ во Битола, ќе се реализира динамична активност на мобилниот КоСпејс на УКЛО КОЛОРС - Мобилна инфо-станица на УКЛО КОЛОРС
Настанот е замислен како отворена и интерактивна средба со граѓаните, каде што преку инфо-пунктови, студенти и кадар од КОЛОРС ќе понудат директни информации за целите, начинот на функционирање и тековните активности на оваа иницијатива. Во фокус ќе биде и најновиот повик за вклучување на студенти, особено бруцоши, во
КОЛОРС за академската 2025/2026 година.
Присутните ќе имаат можност да се информираат за веќе реализирани активности, како што се програмите за вклучување основни и средни училишта (#COLOURSjuniors, Погон, NextGen Students), како и за други иницијативи како студентското списание, конференции, дебатниот клуб, јазичниот центар, поддршката за талентирани студенти, како и Хабот за зелена транзиција.
Во рамките на мобилната инфо-станица, промотивно ќе бидат најавени и претстојни настани, меѓу кои и хакатон, микрокурсеви, колабораториуми, како и можностите што ги нуди КОЛОРС Алијансата за студентите од втор и трет циклус на студии.
Настанот е отворен за пошироката јавност, вклучително и студенти, средношколци, наставници, ментори, академски кадар, организации и претприемачи. Целта е преку директна комуникација да се доближат активностите и вредностите на КОЛОРС до заедницата, како и да се поттикне нова соработка и учество.
Информативните материјали, постери и лифлети подготвени за оваа пригода се достапни и во единиците на УКЛО и во пошироката јавност.
(Комерцијална објава)