X
 25.08.2025 Образование

Првиот уписен рок на УКЛО е отворен – пријавување до 27 август

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ги потсетува сите заинтересирани матуранти - доколку се меѓу кандидатите кои сè уште ја разгледуваат својата академска иднина – дека сега е вистинскиот момент да го направат изборот што ќе го одбележи професионалниот пат.

Ако сè уште размислуваат каде да ја започнат својата академска приказна - време е за чекор напред. Со современи услови, европски можности и силна поддршка – вистинскиот избор е УКЛО, тоа е избор по мерка на младите луѓе. Кон пораката да се запишат во првиот уписен рок и да си обезбедат место во иднината што ја заслужуваат, УКЛО потсетува дека нуди модерни услови, квалитетно образование, пристап до европски искуства и мрежи.

За сите што планираат да ја започнат својата академска приказна на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола им се нудат и европски можности преку COLOURS алијансата.

Покрај широка палета студиски програми со современи услови и поддршка за студентите, УКЛО овозможува пристап до европската COLOURS мрежа од 9 универзитети со повеќе од 120.000 студенти, УКЛО нуди европско образование, можности за студентски мобилности, избор на предмети од партнери во Европа и наставен кадар посветен на вашите цели, со практичен пристап кон знаењето и развојот на вашите компетенции.

Првиот уписен рок на УКЛО ќе се реализира до 27 август 2025 година. На располагање има места за сите заинтересирани: 1.199 студенти во државна квота, 675 со кофинансирање и 444 за вонредни студии. Оваа година бројот на места во државната квота е оптимален, за 1.199 нови студенти и УКЛО упатува апел до заинтересираните кандидати да го искористат првиот уписен рок и да се запишат во државна квота.

Уписите траат до 27 август – искористете ја шансата за упис на УКЛО!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование