X
 13.12.2016 Живот

Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена

Денес е вторник, 13 декември 2016 година, 348-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:47, а ќе зајде во 16:08 часот. Денот ќе трае 9 часа и 21 минути.

Ова утро во северозападните, западните и југозападните предели имаме претежно ведро време, додека пак во останатите предели умерено облачно време. Ова утро имаме и силен североисточен и северозападен ветер.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските часови умерено облачно време, а во северозападните, западните и југозападните предели ведро и постудено време. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со локална облачност, проследено со засилен североисточен и северозападен ветер што ќе услови и продор на постудена воздушна маса од север која што ќе ни услови и константно опаѓање на температурите. Минималните температури се очекуваат во вечерните часови и кон крајот на денот и ќе се движат од -8 до 2 степени, додека пак максималните, односно температурите во текот на денот ќе се движат во интервал од 0 односно до 9 степени.

Во вечерните часови се очекува и појава на умерен мраз поради ниските температури.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови умерено облачно време со сончеви периоди и температура од 5 степени. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност, ветровито и студено со температура која ќе биде во опаѓање и кон крајот на денот ќе достигне -2 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во среда студено утро со утрински температури од -11 до -2 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и студено време со температура од -1 до 8 степени. Во четврток умерено облачно со сончеви периоди и малку потопло време, минималните температури од -8 до 1 степени, додека пак максималните дневни до 2 односно до 11 степени. Во петок претежно сончево со локално облачност и температури од 1 до 10 степени. Во сабота студено утро со утрински температури од -10 до -1 степени, во текот на денот претежно сончево со локална облачност и дневна температура од 1 до 10 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот