X
 22.12.2016 Живот

Она највредното не може никаде да се купи: Нешта кои треба да им ги подарите на вашите деца

Повеќето деца имаат премногу играчки, така што е тешко да ги импресионирате со нешто ново. Но најдобриот подарок не доаѓа од продавниците. Ова е листа со најдобрите нешта кои можете да им ги подарите на своите деца.

1. Потврда и охрабрување

Понекогаш едноставните нешта како потврдувањето можат да го променат целиот живот. Затоа потрудете се вашите деца да знаат колку ги цените. И потсетувајте ги секој пат кога имате прилика. Немојте да ги понижувате или во секоја прилика да ги прекорувате. Децата паметат кога сте ги поддржале, пофалиле или сте ја граделе нивната личност потврдувајќи ги нивните позитивни особини.

2. Прегратки и бакнежи

Вашите деца никогаш не се премногу стари за да добијат физичка потврда на љубовта која ја имате за нив.

3. Заеднички оброци

Децатата секогаш ќе ги паметат заедничките оброци. На некој начин тоа се многу интимни моменти во кои не само што се дели храна, туку и се зборува, доживува, шегува. За вечера или ручек најмногу се зборува за тоа како на секој член од семејството му поминал денот.

4. Смисла за хумор

Сигурно сте ја слушнале оваа изјава од вашата мајка: „Кога бев мала моето семејство беше сиромашно, но секогаш сме се шегувале, се трудевме во сé да ја гледаме ведрата страна“.

5. Простор да се направат грешки

Децата се деца. Тоа е она што ги прави забавни и затоа ние возрасните треба многу да имаме трпение. Дајте им простор да експериментираат, истражуваат и да прават грешки.

6. Стабилност

Стабилниот дом е основа на која децата го градат својот живот. Потребно е да го знаат своето место во семејството, на кого може да му веруваат и кој ќе биди тука за нив.

7. Стимулирајте ги да постигнуваат големи нешт
а

Охрабрете ги своите деца да сонуваат големи сонови. За возврат тие ќе постигнат повеќе од она што мислат дека можат и повеќе од она што вие сте мислиле дека можат. Само внимавајте немојте да им давате лажна надеж, надежта секогаш треба да биде реална и поставена на здрави основи.

8. Време

Времето што сте им го подариле никогаш не може да се врати. Тоа е еден од најголемите дарови кои можете да им го дадете. Затоа добро внимавајте кому и за што го подарувате своето време.

9. Споделена грижа

Поврзано со времето се чини како да е безначајно, но е многу важно. Немојте да пишувате пораки и да зборувате во исто време со нив. Немојте да гледате ТВ и да јадите со децата. Кога сте во интеракција со нив не смее да постои ништо друго.

10. Љубов

Најголем дар што може да им го дадете на децата е љубовта. Најдобар пример и најдобрите лекции кои ќе ги паметат се вашите постапки. Со нив децата ги учиме да бидат искрени, дисциплинирани, одговорни, совесни, да имаат интегритет, самодоверба. Ако едно зборуваме, а друго правиме со тоа ги повредуваме и правиме погрешни нешта.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот