X
 21.06.2017 Забава

Смешни лаги кои родителите им ги кажуваат на нивните деца

Кажувањето на бели лаги на вашите деца од време на време не е лоша работа. Во некои случаи, како на пример Дедо Мраз, избегнувањето на вистината може да инспирира чувство на чудо во умот на детето и да ги натера да се однесуваат најдобро што можат ако знаат дека за тоа ќе добијат подарок. Во други ситуации пак, можете да ги натерате младите умови да се движат во вистинската насока.

Но користењето на „алтернативни факти“ како уред за родителство, може да предизвика обратен ефект. Ако вашиот млад детектив ве фати дека лажете, тогаш сте во неволја. „Децата глобализираат сè и велат: Мојот родител е лажго. Дали лаже и за тоа дека ме сака?“

Со други зборови, додека сте сигурни дека нема да ја открие лагата, тогаш нема да повредите никого.

Во продолжение прочитајте некои од најсмешните и најпаметните лаги кои родителите им ги кажале на нивните деца - дефинитивно ќе пронајдете инспирација во некоја од нив.

„Кога бев мал, татко ми ми рече дека секоја личност добива 10.000 зборови месечно. Ако ја достигнеш границата, нема да можеш да зборуваш сè до наредниот месец. Така, кога досадував и бев зборлест, татко ми ќе ми речеше: „Внимателно, мислам дека си до 9.000 збор“. Со тоа, веднаш замолчував“.

„Ја натеравме ќерка ми да јаде риба со тоа што ја нарековме „аргентинско пиле“ - функционираше прилично долго време сè додека не дојде нејзината баба и ѝ кажа дека ја лажеме“.

„Татко ми ми рече дека ако се грижам за посебен камен и секој ден го наводнувам, ќе престане да расте и јас ќе добијам куче. Го наводнував секоја недела, а додека бев на училиште татко ми го заменуваше со поголем камен“.

„Кога бевме помали, родителите ни раскажуваа дека јас и брат ми сме имале помал брат кој се претворил во печурка бидејќи не се капел. Дури и го додадоа во семејните албуми“.

„Кога беше мала, ѝ реков на ќерка ми дека кога лаже, се појавува црвена точка на средината од нејзиното чело. Знаев дека функционираше бидејќи секој пат кога ќе излажеше, ќе ја ставеше раката на челото“.

„Татко ми ми имаше кажано дека „Pulp Fiction“ е документарец за портокали за да не го гледам“.

„Моите деца се убедени дека имаат брат некаде низ светот кој јас сум го оставила на сред пат бидејќи бил многу гласен во автомобил. Сигурна сум дека со текот на времето ќе ја откријат лагата, но барем овие години уживаме во тивки и мирни патувања со автомобил“.

„Како мали деца, мајка ми ни раскажа приказна за тоа дека пингвин живеел позади фрижидерот па ако ја оставиме вратата отворена, ќе му го земеме ладното и тој ќе се налути и ќе нè касне. Функционираше кај брат ми. Јас ѝ реков на мајка ми да го премести фрижидерот за да го погалам пингвинот“.

„Мајка ми ми рече дека кога грми, Бог го преместувал мебелот во неговиот дом“.

„Кога бев мал, се плашев од духови. Но, мајка ми ме утеши велејќи ми дека во нашата куќа нема духови бидејќи се многу скапи и не можеме да си дозволиме да ги имаме“.

„Моите родители изнајмија актер кој глумеше дека е дрогирана идна верзија од мене, дојден од иднината, за да ме исплашат“.

„Твоето најмало прсте е најмало бидејќи беше родено последно“.

„Татко ми ми рече дека сите детски емисии одат да спијат во 20 часот. Имаше поставено тајмер автоматски да се исклучува телевизорот точно во 20 часот“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава