X
 22.12.2023 Живот

Дали е ова најреалното претставување на деловен состанок во една компанија?

Деловните состаноци често знаат да бидат стресни за вработените и да одземат многу од нивното време, особено ако нема строго дефинирана агенда. Некои мислат дека понекогаш е добро работите да се сумираат во една е-порака, додека некои сметаат дека ефикасноста е поголема доколку организираат состанок. И, ако го закажат по работното време, ќе им биде потешко на членовите на тимот.

Компанијата „Пепсико“ покажа како изгледа еден состанок, од перспектива на вработените, со цел да ги едуцира своите тимови за техники и алатки за поефективни состаноци како дел од проектот за поедноставување. Според нивните зборови, сето тоа би можело да биде поедноставно.

На видеото во фокус е еден вработен кој чека да дојдат другите колеги вклучувајќи ги и оние на „Зум“ што не се физички присутни, па за тоа време размислува за самата организација.

- Па уште закажуваат во 15:30, пред крајот на работното време - се жали тој.

Потоа влегува колешка со парче пица, а кечапот ѝ капе на подот. Друга колешка заспа, трета размислува за одморот. Четвртата не ни знае зошто е таму.

- За агендата можеме само да сонуваме, никој жив не е заинтересиран. Првиот дел од состанокот е дискусија на дневнополитичките теми - си мисли тој.

Технички проблеми


Тука се проблемите и со техниката, која не работи. Поради сите околности и интензивното чекање, сите ја губат волјата.

- Состанок на кој ќе се разговара за наредниот состанок. Колку луѓе има на состанокот, уште вујко ми фали - вели тој.

На крајот заклучува дека не го сака ова и дека би избегал од ситуацијата.

Неговите мисли ги прекинува колешка која го прашува дали ја слуша.

- Апсолутно се согласувам со колегата по тоа прашање - ѝ вели тој.

- По кое прашање? Само реков дека состанокот е одложен за утре - додава таа.



Извор: Bizlife.rs
Фото: Screenshot/
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот