X
 23.01.2019 Живот

Слушањето музика на работа ја поттикнува креативноста, но ѝ пречи на логиката

Многумина на своето работно место слушаат музика. На некој музиката му помага да му мине побрзо денот, некој, пак, има подобра концентрација, а некој така ја елиминира бучавата од околината. Но, не сите надредени се сложуваат со слушањето музика на работа.

А, што велат стручните лица? Симон Ритер од холандскиот Универзитет „Радбоуд“ и Сем Фергусон од Техничкиот универзитет во Австралија истражувале дали луѓето се попрактични и попродуктивни во тишина или со музика. Резултатите од испитувањето посочуваат дека музиката поттикнува креативно размислување, но не им помага на оние што работат со логика.

Друго истражување на Универзитетот на Мајами, пак, покажува дека луѓето што слушаат музика, по правило, имаат подобри идеи и решенија.

Слушањето музика помага и во отстранување на стресот на работа, па препораките се дека тоа треба да го правиме пред работа и за време на паузата, ако веќе ни е забрането додека работиме.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот