X
 23.04.2018 Економија

Пуштена делницата Демир Капија- Смоквица, засега ќе се возиме без пари

Делницата Демир Капија – Смоквица, која е во должина од 28,2 километри денеска беше пуштена во употреба, при што патувањето на тој потег по автопатот „Пријателство“ ќе се скрати за 25 минути. Засега по новиот дел од автопатот ќе се вози без плаќање патарина. Нема информации колку ќе чини патарината.

На денешната свеченост беше истакнато дека на делницата се очекува годишно да поминат по 730.000 возила, а побрзото и побезбедно патување треба да придонесе за развој на економијата и поголема соработка на регионот и негова интеграција со европскиот пазар.


Фото: Колектиф Прес

На отворањето на делницата присуствуваа премиерот Зоран Заев, генералниот директор за соседски политики и преговори за проширување во Европската комисија Кристијан Даниелсон, како и грчкиот министер за транспорт и инфраструктура Кристос Спиртиз и економски министри во Владата. Денешната церемонија го означи и почетокот на кампањата „ЕУ за тебе“ за инвестиции на Унијата во транспортната инфраструктура.

- Поврзувањето е основен чекор за изедначување на нашите регионални стандарди со оние на ЕУ кон која не водат сите патишта. Овој автопат е еден од нив и во буквална смисла. Овој автопат поврзува и води кон ЕУ. Оваа делница од автопатот „Пријателство“ во себе ја има вградено искрената приказна за поддршка и соработка - изјави премиерот Зоран Заев.


Фото: Колектиф Прес

Вредноста на автопатот изнесува 218 милиони евра во делот на изградбата и 10 милиони евра за надзор, а од вкупните средства 70 милиони евра се грант од ЕУ, а останатите со заеми од Европската банка за обнова, развој и Европската инвестициска банка и шест милиони евра од државниот Буџет.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија