X
 09.04.2026 Живот

Неверојатна глетка на автопат - наместо автомобил, во лентата се вклучи авион

Мал авион принудно слета на автопат во Пенсилванија и притоа нема повредени, и покрај густиот сообраќај и механичките проблеми што го принудија пилотот на овој ризичен потег.

Минатата сабота, во утринските часови, авион од типот „роквел командер 114B“ од 1995 година слета на автопат во округот Лихај (американската сојузна држава Пенсилванија), што е и забележано со камера од еден од автомобилите што возеле оттаму. Според официјалните извештаи, пилотот ѝ пријавил на контролата на летање неможност за одржување на висината поради дефект на моторот. Со оглед на тоа што околните аеродроми му биле далеку, контролорите го предложиле автопатот како најдобра опција за приземјување.

Прибран пилот слета на патот

 

Очевидци што во тој момент се наоѓале на автопатот ја опишале глетката како „велигденско чудо“. Снимката од автомобилот покажува како авионот се спушта директно меѓу возилата што се движат по автопатот – како да се престројува меѓу нив, контролирано и полека. Сведоците ја истакнаа исклучителната прибраност на пилотот кој успеал да го задржи леталото во рамките на сообраќајните ленти, при што крилата на авионот допирале од централната ограда до работ на тревникот.

Пилотот и патничката во авионот не биле повредени, а на самото летало и на патната инфраструктура не е забележана позначајна штета. Единствената „потешка“ последица од овој необичен настан било четиричасовното затворање на таа делница од автопатот, за време на увидот и влечењето на авионот.

Извор: autonet
Фото: скриншот/јутјуб

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот