X
 23.07.2020 Култура

Дали Рос и Рејчел беа на пауза? Актерот што го глумеше Рос конечно дава одговор

Дали Рос и Рејчел беа на пауза? Дејвид Швимер, кој го глумеше Рос, конечно дава одговор на една од најголемите дебати што ги предизвика серијата „Пријатели“.

Имено, станува збор за прашањето дали беа или не беа на пауза кога Рос заврши со друга девојка. Поради тоа парот раскина, а ситуацијата покрена прашање што се развлекува веќе 20 години.

На гостувањето во „Тунајт шоу“, водителот Џими Фалон му го постави ова прашање на Дејвид Швимер, кој во серијата го глумеше Рос, и го замоли да го каже неговото мислење.

- Тоа воопшто не е ни прашање. Да, тие беа на пауза - е одговорот на Швимер.

Актерот зборуваше и за новата епизода што требаше да се сними на почетокот од годината, но снимањето беше одложено поради пандемијата.

- Во основа, станува збор за забавно интервју и уште неколку изненадувања - вели Швимер.



Извор: Eonline.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура