Американската вселенска агенција НАСА најави голем настан на кој ќе објави ново возбудливо откритие за Месечината. Вселенската агенција не објави детали за откритието, но рече дека ќе придонесе за напорите на НАСА да научи за Месечината и ќе ѝ помогне во истражувањето на длабоката вселена.
НАСА вели дека откритието било направено со Стратосферната опсерваторија за инфрацрвена астрономија - СОФИА. Опсерваторијата е модифициран „боинг 747“ што лета на поголема височина од атмосферата, а во себе има телескоп кој е насочен кон вселената.
Инструментите на телескопот во центарот на опсерваторијата собираат инфрацрвена светлина, што значи дека може да забележи феномен што не може да се види со око, додава НАСА во известувањето.
Телескопот досега открил важни информации за други вселенски тела во нашиот Сончев Систем. Во 2016 г. откри атомски кислород во атмосферата на Марс првпат во 40 години.
Новото откритие на НАСА можеби е поврзано со
програмата „Артемис“, со која треба да се испратат првата жена и следниот маж на Месечината во 2024 г., со надеж дека следната деценија ќе се лансираат мисии до Марс од Месечината. Ова ќе бидат првите луѓе што ќе стапнат на Месечината од 1972 г.
Настанот ќе се одржи в понеделник, 26 октомври, во 18:00 часот според средноевропско време.
Автор: Ендру Грифин
Извор: independent.co.uk
Фото: Pixabay