100 GB мобилен интернет, промотивен буџет и ТВ-пакет HBO
Македонски телеком почнува новогодишна промоција за поголемо уживање и непречено споделување на празничните моменти со најблиските. Сите нови Magenta 1 М и Mobile М корисници, како и постојните корисници што ќе склучат договор за лојалност на овие тарифни модели, добиваат 100 GB промотивен мобилен интернет во период од 24 месеци, со активна е-сметка. Дополнително во рамките на оваа промоција се воведува и промотивен фамилијарен буџет во износ од 9.000 денари по линија за Magenta 1/Mobile M и 12.000 денари по линија за Magenta 1/Mobile Unlimited. За уште поголемо уживање во најдобрата телевизија MaxTV, корисниците ќе може да активираат промотивен ТВ-пакет HBO преку Telekom MK апликацијата и да уживаат во возбудливите филмски содржини без дополнителен надомест до 23.01.2023.
Со празничната понуда, деловните корисници во Business, Magenta 1Business Professional и Standard добиваат: 100 GB, односно 60 GB мобилен интернет и зголемен буџет од 16 000 МКД или 9 000 МКД во зависност од тарифниот модел, како и изедначени цени во Magenta 1 Business со cloud и без cloud. Бизнис-корисниците на MaxTV исто така ќе можат да го активираат промотивниот ТВ-пакет HBO преку менито на MaxTV услугата и да ги следат HBO-програмите без дополнителен надомест до 23 јануари 2023.
Овие празници останете поврзани со најблиските и искористете ги поволностите на новата понуда. За празничната понуда, која важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на
www.telekom.mk.
(Комерцијална објава)