X
 23.12.2022 Здравје

Грешки што ги правиме кога имаме настинка или грип

Кога сме настинати или имаме грип, сакаме да оздравиме што побргу. Но некои од нашите навики може само да ја влошат нашата состојба. Еве што треба да одбегнуваме за да оздравиме побргу.

Се обидуваме да ги задржиме навиките

Не треба да се водиме по старите навики и да ги правиме истите работи како обично додека сме болни. На телото му е потребна енергија за борба против вирусите, па затоа одморот треба да биде приоритет. Освен тоа, со останувањето дома ќе се спречи и ширењето на вирусот.

Игнорирање на симптомите

Обично не одиме на лекар поради обична настинка, но треба да се побара совет од стручно лице кога се имаат симптоми на грип, како висока температура и болка во телото. Навремениот третман може да ги ублажи симптомите и да го скрати боледувањето.

Помалку сон

Кога не спиеме доволно, нашиот имунолошки систем е послаб, што ни ја отежнува болката против заразите. Според едно истражување, луѓето што спијат помалку од шест часа имаат четирипати поголеми шанси да се разболат од оние што спијат најмалку седум часа.


Фото: Pixabay

Инсистираме на антибиотик

Антибиотиците ги убиваат бактериите, но настинката и грипот се предизвикани од вируси. Се смета дека една третина од рецептите за антибиотици се непотребни, а тоа може да доведе и до несакани ефекти како дијареја и алергиска реакција.

Премалку течности

За време на настинката и грипот, многу е важно да се остане хидриран. Тоа може да ја отстрани и главоболката, а може и да ги ублажи симптомите на настинка, како умор и болка во грлото.

Прескокнување оброци

Можеби немаме апетит, но важно е да јадеме кога сме настинати. Храната ќе ги поттикне имунолошките клетки кои ги напаѓаат вирусите, па може побрзо да оздравиме. Истражувања покажале дека супата од кокошка може да ублажи некои симптоми на настинка и грип.

Пушење

Пушењето цигари ги оштетува белите дробови и го иритира грлото. Тоа може само да ги влоши симптомите.

Стрес

Хормонот кој телото го произведува кога е под стрес е лош за имунолошкиот систем. Тој, исто така, го зголемува воспалението, што може дополнително да ја влоши состојбата.

Извор: Eklinika
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје