X
 25.06.2020 Здравје

Што ја намалува ефикасноста на маската за лице?

Сè повеќе истражувања покажуваат дека маските за лице се ефективни кога станува збор за контролата на ширењето на коронавирусот. Затоа властите препорачуваат да се носат во јавност. Но, треба да се обрне внимание на нивното користење за да не придонесат за несакано ширење на коронавирусот.

Истражувачи откриле дека маските дефинитивно помагаат во контролата во ширењето на Ковид-19, но повеќекратното кашлање во маската може да ги направи помалку безбедни. Ново истражување спроведено на универзитетот во Никозија, Кипар, користело компјутерски модели за да покаже како капките може да излезат од маската при кашлањето.


Фото: Pixabay

Било откриено дека капките може да излезат од маската на далечина од речиси еден метар дури и при слабо кашлање. Истражувачите објаснуваат дека тоа е поради воздушниот притисок кој се создава во маската при кашлањето.

- Иако маските го намалуваат исфрлањето на капките, не треба да го игнорираме фактот дека некои капки ќе излезат низ маската - велат истражувачите.


Фото: Pixabay

Затоа, социјалното дистанцирање останува најважно за време на пандемијата.

Во истражувањето се посочува дека носењето маска сепак е подобро отколку излегувањето без никаква заштита на лицето. Заштитата на лицето го забавува и скратува патот на честичките. Без маска вирусните честички може да патуваат двојно повеќе отколку кога се носи маска, велат истражувачите.

Автор: Закари Мек
Извор: bestlifeonline.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје