X
 24.03.2026 Живот

Премногу е врзана за мене, не седи ни со татко ѝ. Ако излезам од соба, веднаш плаче по мене... Што да направам?

Имам проблем со однесувањето и поврзаноста на мојата 2-годишна ќерка. Од раѓање досега сум ја чувала само јас и сами сме речиси по цел ден, па донекаде ми е јасно дека затоа е толку поврзана со мене, меѓутоа, ова она го прави е премногу. Цело време е до мене и со никој друг не сака да седи ако јас не сум присутна, вклучувајќи го и татко ѝ, со него седи вкупно 3 минути. Ако влезам во друга соба или одам до тоалет, одма плаче по мене. Моментално и со однесувањето не знам како да се справам. Не знам дали е период или едноставно е таква. Ако нешто сака, а сме во продавница и ако ѝ речеме дека не ни треба, без противење го враќа на место. Но доколку сме дома и ѝ кажеме да не прави нешто, го прави за инает, нема да послуша или ќе почне да плаче. Кога одиме да шетаме, цело време бара да ја носам в раце, а кога треба да си одиме од лулашки, на пример, вреска на цел глас и во тие моменти нема никакво разбирање.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк


Издвојуваме

Живот