Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, ОКТА го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци
до 6 април годинава. Дополнително,
попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар и стапува во сила од денеска, 24 март 2026 година.
Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има цел да им овозможи на трговците да го пренесат овој бенефит на крајните купувачи во земјава. Трговците на големо и мало имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени, согласно нивната комерцијална политика.
Со продолжувањето на мерката и засилената поддршка за дизелот, компанијата повторно ја потврдува својата посветеност кон стабилноста на пазарот, сигурното снабдување и долгорочното партнерство со трговската мрежа во Република Северна Македонија.