X
 24.05.2016 Наука

Растенија во кои има високо количество на канабиноиди

Канабисот не е единственото растение кое содржи корисни медицински канабиноиди. Постојат уште неколку растенија кои исто така се богати со канабиноиди кои му помагаат на телото во одржувањето на внатрешна рамнотежа, хомеостаза потребна за постигнување на оптимално здравје.

За да го прошириме нашето знаење за канабиноидите, научниците и ботаничарите ја истражуваат распространетоста на канабиноидите во многу растенија освен во канабисот, кои се користат како природни лекови. Ова се некои од нив.

Ехинацеа

Растението е добро познато по својата способност да му помогне на телото да се бори против настинка. Исто така, се користи за ублажување на анксиозноста, заморот, мигрената и артритисот. Со ова растение можете да го регулирате имунолошкиот систем, болката и воспалението.

Електрична маргаритка

Ова растение најчесто расте во регионот на Амазон и се користи за создавање на гел против болки. Растението успешно ги блокира рецепторите на болката на нервните завршетоци. Состојките кои се наоѓаат во ова растението се нарекуваат „N-Isobutylamide“, и се слични на другите канабиноидни соединенија кои ја регулираат болката и воспалението.

„Helichrysum umbraculigerum“

Растение кое расти во Јужна Африка и служи како анти депресив кој влијае како резултат на големи количини на канабигерол кој исто така го има во канабисот.

Растението е испитувано од страна на италијанскиот хемичар Џовани Апендино, а тој го претставил неговото откритие на Меѓународното друштво за истражување на канабиноиди. Растението се користи во африканските ритуални церемонии.

„Radula marginata“


Ова растение, домородно во Нов Зеланд, содржи големи количини на „perrotetinenic“ киселина која е слична на „THC“, психоактивната состојка во канабисот. Познато е по способноста да лекува бронхитис, а во минатото се користело за ублажување на жолчниот меур, црниот дроб и проблеми со мочниот меур.

Какао

Какао растението има многу терапевтски својства и е познат по тоа што е моќна и вкусна суперхрана. Какаото влијае врз ендоканабиноидниот систем со тоа што го деактивира ензимот наречен „FAAH“. Исто така, научниците успеале да докажат дека чоколадото содржи три соединенија кои дејствуваат како исцелителни канабиноиди.

Црн пипер


Доста честата молекула на арома која се наоѓа во црниот пипер беше откриено дека функционира како канабиоид. Слично како и други растителни канабиноиди, дава терапевтски ефект со што се намалува воспалението.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука