X
 24.06.2021 Здравје

На медицинските сестри и техничарите ќе им се плаќа високото образование

Mедицинските сестри и техничари кои завршиле високо школо или специјализација и се стекнале со образование од 180 односно 240 кредити, а досега тоа образование не им беше платено, за истото отсега ќе добиваат паричен надомест. Ваквата одлука денеска беше донесена на работниот состанок на министерот за здравство Венко Филипче, директорите на ФЗО на РСМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети, претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, д-р Љубиша Каранфиловски, и претставници на Здружението на медицинските сестри, техничари и акушерки.

-Благодарение на одличната соработка со двајцата директори на ФЗО на РСМ кои ги обезбедија средствата и од месец септември оваа година, сите медицински сестри и техничари кои завршиле високо медицинско школо или специјализација и се стекнале со такво образование од 180 односно 240 кредити ќе добијат соодветен надоместок за своето образование. Драго ми е што е ова еден начин на зголемување на примањата на една категорија на здравствени работници кои навистина несебично се дадоа себеси во менаџирањето на ковид-кризата – изјави министерот Филипче.


Овој проблем датираше од 2015 година па сè до денес. Во 2015 година беше направен пресек со донесувањето на одлука да се платат само специјализации, односно високите школи на тие што дотогаш завршиле и сите медицински сестри и техничари кои инвестирале во своето образование од 2015, натаму тоа не можеа да го валоризираат преку својата плата.

Фото: unsplash

Издвојуваме

Здравје