X
 24.07.2018 Здравје

Причините за шизофренија (т.н. „лудило на целото тело“)

Новото научно истражување на д-р Том Пилинер од Кралскиот колеџ во Лондон ги открива причините за шизофренија. Ова истражување ги поддржува теориите на Емил Крепелин, психијатар од 19 век, кој оваа болест ја нарекол „лудило на цело тело“.

Истражувањето покажува дека дури и млади луѓе кај кои рано е откриена шизофренија сѐ почесто страдаат од воспаленија, зголемено ниво на хормони и срцеви заболувања.

Порано се сметало дека шизофренијата е болест само на умот.
Денес, голем број научни истражувања покажуваат дека луѓето со ова заболување живеат 10 до 20 години помалку од другите.


Повеќето лекари претпоставуваат дека причина за нарушеното физичко здравје се лошите услови за живот - овие лица најчесто немаат свој дом или живеат на улица.


Пилинер вели дека неговиот тим не само што открил статистичка разлика помеѓу здравјето на луѓето со шизофренија и оние без, туку успеал и да увиди колкава била разликата. Тие откриле дека разликата во физичкото здравје помеѓу болните од шизофренија и оние што немале шизофренија била исто толку голема колку и разликата во психичкото здравје.

Тие имаат две теории за влијанието на оваа состојба на умот врз телото.

Првото објаснување е дека нарушувањата на мозокот може да доведат и до дебелеење, покачен крвен притисок или дијабетес. Другото е дека заболувањето е вкоренето некаде во телото и дека овој вид проблеми се рефлектираат врз мозокот.

Вакви феномени се набљудувани и претходно, на пр., кога одредени типови канцер може да предизвикуваат психози сѐ додека не се извади туморот.

Се разбира, секогаш постои и можноста дека физичките и психичките симптоми се поврзани со некој трет причинител, кој сѐ уште не е познат.
Подготвил: Т.Ц.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје