X
 24.09.2025 Живот

Некогаш и денес: Колку плати се потребни за да се купи автомобил?

Можеби сте виделе графикон кој кружи на „Редит“, а кој покажува колку месечни плати биле потребни за купување автомобил во поранешна Југославија.

Според веб-страницата „Nova.rs“, листата потекнува од 1987 година, период на висока инфлација, а самата табела ги прикажува значително повисоките цени на увозни автомобили, поради високите увозни давачки.

Најповолен автомобил за купување бил „застава 126пГЛ“L, кој чинел 19 просечни плати. Следниот на листата бил „југо 45 корал“, кој чинел 30 плати, а „шкода 120Л“ чинела една плата повеќе.

Во меѓувреме, автомобилите од германски производители биле тешко достапни за луѓето со просечни плати. На врвот на листата биле „мерцедес-бенц 560 СЕК“ (1.231 плата) и „бе-ем-ве 750 ил“ (912 плати).

Што е со цените на автомобилите денес?

Најпродаваните автомобили во нашата земја за 2025 година се „тојота корола“, „киа спортаж“ и „шкода октавија“, според веб-страницата „sekundadosto.com“.

Дополнително, во октомври 2024 година „шкода суперб“ изненадувачки го презеде водството како најпродаван автомобил во Македонија, со 8,6 отсто удел на пазарот, според веб-страницата „bestsellingcarsblog.com“.

Според Заводот за статистика на Северна Македонија, просечната нето-плата во април 2025 година изнесуваше 45.452 денари (околу 740 евра), што значи дека за „тојота корола“ чија цена е околу 20.000 евра, потребни се 27 нето-плати. За „киа спортаж“ со цена од 25.000 евра потребни се 34 нето-плати, за „шкода октавија“ со цена од околу 18.000 евра се потребни приближно 24 нето-плати.

Извор: n1info.ba
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот