X
 25.09.2026 Живот

Последен викенд за гласање во „Иднина која инспирира“: изберете го проектот што сакате да добие дополнителна поддршка од dm

Гласањето во рамките на „Иднина која инспирира“ влегува во својата завршница, а граѓаните го имаат уште овој викенд за да се вклучат во финалниот избор. До недела, 27 септември, тие можат да гласаат за еден од трите проекти и директно да придонесат во одлуката кој проект ќе добие дополнителна поддршка од dm drogerie markt. Во изборот се „Силата е во младите“, „Природа што нè поврзува“ и „Простор за раст – функционален центар создаден од граѓаните“. Три различни проекти, зад кои стојат три конкретни потреби на заедницата – поголема еколошка свест и активно вклучување на младите, уредување запуштен простор во зелено место за луѓето и создавање функционални центри за учење, развој и поврзување. Гласањето трае до 27 септември, а својот фаворит можете да го поддржите на следниот линк.

Проектот „Силата е во младите“ на Здружението „За почиста Македонија“ предвидува еколошки чистки во скопските населби, работилници и дискусии со деца и млади, со цел тие активно да се вклучат во грижата за животната средина и да придонесат кон подигнување на еколошката свест.

Со „Природа што нè поврзува“, Центарот за регионален одржлив развој од Неготино планира запуштен и неискористен простор да го преобрази во зелено и функционално место за одмор, рекреација и дружење. Проектот предвидува волонтерски акции за расчистување и уредување, садење растенија и поставување практични елементи, како и едукативни и креативни активности за локалната заедница.

„Простор за раст – функционален центар создаден од граѓаните“ на „ЕДЕН ХАБ“ од Прилеп е насочен кон активирање недоволно искористени простори во Прилеп, Кривогаштани и неколку општини на територијата на Град Скопје. Со помош на локалните заедници и волонтерите, тие треба да прераснат во достапни места за учење, креативност, развој на практични вештини, ментална благосостојба и меѓусебна поддршка.

Овој викенд е последната можност граѓаните да станат дел од изборот. Со секој даден глас, тие застануваат зад конкретна идеја и покажуваат на која иницијатива сакаат да ѝ дадат дополнителен поттик за реализација. По затворањето на гласањето, ќе биде познат проектот што ќе добие дополнителна поддршка од dm.

Финалниот избор е дел од пошироката платформа „Иднина која инспирира“, во рамките на која годинава беа пријавени вкупно 74 проекти. По стручното оценување, пет иницијативи веќе добија поддршка од dm во вкупна вредност од 2,9 милиони денари. Меѓу нив се „Охрид Еко 2027“ на Нуркачкиот центар „Амфора“, „Херои на солидарноста: Тегла Плус за нашата заедница“ на Здружението „Љубезност“, „Поддршка блиску до тебе – Заедно до правата“ на Македонското здружение на млади правници, „Заедно сме шампиони – инклузија преку спорт“ на Специјална Олимпијада – Македонија и „DM HUB – Центар за благосостојба и грижа ‘Грижа за себе. Грижа за другите. Грижа за заедницата.’“ на Центарот за истражувања и анализи НОВУС.

Овој викенд, изборот е кај граѓаните – гласајте до 27 септември и поддржете ја идејата што сакате да го направи следниот чекор.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот