X
 24.12.2018 Живот

Во Франција се урна акведукт стар над еден век

Акведукт изграден пред повеќе од еден век во местото Компс, во близина на францускиот град Ним, се урна синоќа без да предизвика човечки жртви.

Како што јави дописникот на МИА, осум аркади од камениот акведукт, изграден меѓу 1892 и 1900 година за пренос на вода од реката Рона до Ним, одеднаш се урнал околу 22 часот.

Локалните пожарникари информираа дека 200 метри долгата структура „одеднаш се распаднала во должина од над стотина метри“.

- Структурата на акведуктот се урна во должина од повеќе од сто метри со заглушувачка бучава - изјави градоначалникот на Компс.

Според дневниот весник „Миди либре“, градоначалникот на Компс, кој живее во близина на акведуктот, откако ја слушнал заглушувачката бучава, побарал помош.

Спасувачки тим со кучиња за трагање по преживеани под урнатини и со термокамера ги пребара урнатините за да провери дали под нив има евентуални жртви.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот