X
 24.12.2022 Економија

Еве колку чини и каде се наоѓа најскапиот стан во Германија

Најскапиот стан во Германија што се нуди на интернет се наоѓа во Берлин и чини дури 17,9 милиони евра.

Тој бил огласен на веб-страница за продажба и изнајмување недвижности. Станот е голем 578 квадратни метри, има девет соби кои се опремени со природни камени површини и дрвени подови.

Според огласот, станот има прозорци од подот до таванот, како и отворен камин. Тој се наоѓа во близина на музејот „Хамболт форум“.

Меѓу десетте најскапи стана што се наоѓаат на веб-страницата за недвижности е и стан со седум соби во Берлин кој може да се купи за 11,5 милиони евра, но и други станови кои чинат повеќе милиони евра.

Наведените цени се од огласот, а не цените кои купувачите на крајот ги плаќаат за недвижностите.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија