X
 25.01.2017 Живот

Тајно писмо од принцезата Дајана: „Се чувствувам изолирано“

Откако ручала со својот пријател Дадли Поплаку во 1991 година, истата година кога Дајана ги открила интимните детали за својот живот на биографот Андреј Мортон, таа му испратила писмо на Дадли во кое му се доверила дека во кралското семејство се чувствува екстремно изолирано и погрешно сфатена.

Само шест месеци подоцна, Мортон ја објавил оваа информација во книгата „Дајана: Нејзината вистинска приказна“, која стана бестселер во светот и доведе до големи проблеми во кралското семејство.

„Се чувствувам екстремно изолирано сега кога гледам што се случува во оваа земја и во ова семејство. Чувствувам дека ти ми веруваш Дадли и не знам што ми значи ова, бидејќи постојано погрешно ме сфаќаат луѓето околу мене“, напишала Дајана.

Дајана продолжува дека уживала во заедничкиот живот и го прашува дали може да го продолжат разговорот во јануари, кога животот нема да се одвива толку брзо.

„Во последниве години се вклучив во програмата за саморазвивање, преку која длабоко сфатив низ што поминуваат луѓето кои страдаат и на кои им е потребна љубов и поддршка, без разлика дали се хоспитализирани или на улица. Можеме да го продолжиме нашиот разговор во јануари, бидејќи ми е потребен твојот совет за моите мисли“, пишува таа.

Книгата „Дајана: Нејзината вистинска приказна“ беше објавена во 1992 година и е базирана на нејзините снимани разговори. На снимките принцезата зборува за својот живот пред бракот со принцот Чарлс, нејзината борба со булимијата, обидите за самоубиство и „скршеното срце“ поради аферата на нејзиниот сопруг со Камила Паркер Боулс. Таа исто така во разговорите зборуваше за односите со другите членови на кралското семејство.

Книгата е важна бидејќи Дајана се чувствувала изолирана во време кога нејзиниот брак се распаѓал, па на Мортон му открила детали кои нејзиниот живот го промениле на полошо.

Писмото е  на аукција и се очекува дека ќе досегне цена од 900 евра.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот