X
 25.03.2025 Наука

Науката потврди - овој пијалак најмногу го забрзува стареењето, а не е алкохолен

Во потрагата по младешки изглед, затегната кожа и добро здравје, често вложуваме голем напор. Сепак, постои еден секојдневен избор кој може значително да го забрза процесот на стареење и тоа нема никаква врска со алкохолот.

Иако кремовите против стареење и другите методи за подмладување можат да помогнат, научниците открија дека една од најважните работи што треба да се избегнуваат е консумирањето одредени пијалаци.

Истражувањата покажуваат дека постои пијалак што значително придонесува за побрзо стареење, а неговото исфрлање од исхраната може да помогне во спречување прерано појавување на брчки и други знаци на стареење.

Според резултатите од повеќе истражувања, најлошиот пијалак кога станува збор за стареењето се газираните сокови со додаден шеќер.

Како газираните сокови го забрзуваат стареењето?


Редовната консумација на овие пијалаци е поврзана со зголемен ризик од дебелина и различни заболувања, но научниците откриле дека тие влијаат врз телото дури и на клеточно ниво. Тоа резултира со забрзан процес на стареење и влошување на целокупното здравје.

- Честото пиење засладени газирани сокови може значително да го зголеми ризикот од дебелина, срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и други здравствени проблеми. Со оглед на тоа дека ризикот од овие состојби природно расте со годините, прекумерниот внес на шеќер дополнително го забрзува процесот на стареење - објаснува д-р Ејми Гудсон.

Дополнително, истражување од 2021 година открило дека засладените газирани пијалаци го нарушуваат балансот на цревната флора, предизвикуваат воспаленија и го зголемуваат оксидативниот стрес во организмот – три фактори кои се директно поврзани со прераното стареење.

Како да го забавите стареењето?


Авторите на истражувањето даваат едноставен совет: заменете ги газираните сокови со поздрава алтернатива секогаш кога е можно. Внесувањето повеќе вода, природни сокови без додаден шеќер или чаеви може да има значително позитивно влијание врз кожата и општото здравје.

Ако сакате да имате младешки изглед и да го зачувате здравјето што подолго, најдобриот чекор што можете да го направите е да ги намалите или целосно да ги исфрлите засладените газирани пијалаци. Вашето тело и вашата кожа ќе ви бидат благодарни за тоа.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука