X
 25.07.2022 Економија

ИКЕА ги зголеми цените: Некои производи во Германија поскапи за 100 отсто

ИКЕА ги зголеми цените на повеќе производи во Германија, а некои производи се поскапи за 100 отсто, пишува „Феникс магазин“. Според германските медиуми, растот на цените на производите на ИКЕА може да продолжи.

Досега ИКЕА ги зголемувала цените на одредени производи еднаш годишно, а во иднина би можела да се прави ревизија на цените на секои три месеци. Причина за ова се растечките трошоци на компанијата поради глобалниот раст на цените на енергијата и суровините, како и проблемите во доставата.

Се очекува цените на производите на ИКЕА да се зголемат за просечно 9 отсто во целиот свет.

Во Германија некои производи веќе се значајно поскапи. Така, популарната полица за книги „Били“ моментално чини 55 евра, а во 2021 година чинела 39,39 евра. Фотелјата „Баскбо“ чинела 99 евра на крајот од 2021 година, а сега чини 199 евра.

Рамка за кревет која минатата година чинела 49 евра сега чини 79 евра, а канцелариски стол што чинеле 139 евра сега е 199 евра. Каучот „Клипан“ сега чини 259 евра, а минатата година чинел 199 евра.

Ова се цените во Германија, а ИКЕА го задржува правото да ги нуди производите по различни цени во зависност од земјата.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија