X
 24.11.2022 Живот

Од 1 декември ќе мора да се намалат цените на основните прехранбени производи

Се знае какви одлуки ќе се носат на Влада ако од 1 декември нема намалување на цените на основните прехранбени производи согласно компонентата или, пак, инпутот на електрична енергија, порачуваат одговорните во власта.

-За оние што нема да користат повластена цена на струјата, ќе следуваат други мерки кои ќе се донесат во случај да не ги намалат цените. Согласно Законот за трговија, можеме да донесеме мерки во време на криза за замрзнување на цени, одредување маржи и слично. Ги имаме листите и Државен пазарен инспекторат ќе врши соодветни контроли - рече министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата и додаде дека веќе има тренд на намалување на цените на одредени производи.

Од 1 декември сите компании што можеа да ја користат мерката за субвенционирано снабдување со електрична енергија по цена од 80 евра за мегават-час ќе треба да ги намалат цените на производите.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот