X
 25.11.2023 Наука

Земјата ќе се загрее за 2,9 степени до 2100 година и покрај ветувањата

Ветувањата на земјите за намалување на стакленичките гасови не се доволни за да се постигнат саканите цели и веројатно нема да спречат затоплување до катастрофални 2,9 Целзиусови степени овој век, велат од Обединетите нации (ОН).

Годишниот извештај за емисиите на Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) беше објавен непосредно пред клучните климатски разговори во Дубаи и ќе послужи како глобален одговор на официјалните „процени“ за неуспехот да се спречи затоплувањето.

Со оглед на тоа што оваа година се очекува да биде најтоплата во историјата на човештвото, УНЕП вели дека светот е сведок на вознемирувачко забрзување во уривањето на климатските рекорди.

Земајќи ги предвид плановите на земјите да ја намалат употребата на фосилни горива, УНЕП предупреди дека планетата е на пат кон катастрофално затоплување од 2,5 до 2,9 Целзиусови степени до 2100 година. Врз основа на постојните политики, глобалното затоплување би достигнало 3 Целзиусови степени.

Но, светот продолжува да испушта рекордни нивоа на стакленички гасови во атмосферата, при што емисиите се зголемија за 1,2 отсто од 2021 до 2022 година, соопшти УНЕП, додавајќи дека зголемувањето во голема мера е поттикнато од согорувањето на фосилните горива и индустриските процеси.

Извор: Phys
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука