X
 25.12.2021 Живот

Сѐ повеќе градови во САД користат шеќерна репка за одмрзнување на патиштата

Солта се цени поради нејзината употреба како средство за одмрзнување, но сега нејзиното користење за одмрзнување на патиштата може да заврши бидејќи производите од шеќерна репка постепено се пробиваат на пазарот.

Додека солта се фрла по улиците и тротоарите кога зимските услови стануваа лоши, повеќето од нас знаат дека фрлањето сол е веројатно лоша идеја. Сите знаеме дека ако се изложени на премногу сол, сите корисни растенија ќе умрат, оставајќи ја почвата погодна само за најтврдиот и најомразениот плевел.

Исто така, се знае дека солта има корозивни својства и дека куќите покрај морето треба да го заштитат металот што е изложен на прскање од морето.

Затоа, разбирливо е некои држави да почнат да тестираат алтернативи за солта, за која беше откриено дека предизвикува големи промени во екосистемот на Големите Езера.

- Придобивките од користењето производи за топење на база на репка го намалува оптоварувањето на хлоридот на инфраструктурата и животната средина, истовремено произведувајќи квалитетно решение за топење - вели Кен Ален, службеник за комуникации на Винипег, САД.

avtomobil
Фото: Freepik

Екстрактот од шеќерна репка кога се комбинира со хлориди може да биде поефикасен во топењето на мразот отколку солта, но репката не е единствениот прехранбен производ што се користи во САД. Сокот од киселите краставички и остатоци од пиво се користат за да се намали високиот буџет што се дава за купување сол.

Хемиските промени предизвикани од солта значат дека на водата ѝ треба пониска температура од нормалната за да се замрзне, но кога 20 отсто хлорид се комбинира со екстракт од репка, таа температура станува уште пониска, што значи дека само навистина ниските температури ќе ја претворат преостанатата вода во мраз преку ноќ.

Секоја година на патиштата во САД се истураат 15-17 милиони тони сол, што заедно со контаминирачките водни патишта и водата за пиење ја кородира опремата за орање, па дури и доведува до поголем број судири со елени, кои излегуваат на патиштата за да ја лижат солта.

Извор: Good News Network
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот