Кинескиот ровер „Јуту-2“ открил повеќе мистериозни стаклени топки на подалечната страна на Месечината, изјавиле кинеските вселенски власти.
Во
труд во кој се објаснува откритието, научниците ги објаснуваат предметите како „проѕирни стаклени топки“ со дијаметар од околу еден сантиметар. Тие биле забележани на фотографии направени со една од камерите на роверот.
Иако звучи необично, на Месечината претходно било откриено стакло во повеќе наврати. Тоа е остаток од удари на метеорити или претходна вулканска активност на Месечината. Меѓутоа, стаклото што сега било забележано е необично бидејќи топките биле поголеми од примероците што биле откривани претходно.
Според Џијонг Сијао, главен автор на истражувањето и професор на Универзитетот „Сун Јат-сен“, откритието може да покажува дека на подалечната страна на Месечината има повеќе стаклени топки. Тие би биле вреден ресурс за идните мисии на Месечината.
Извор:
Futurism