X
 26.05.2023 Живот

Милан Младеновиќ: „Животот овде стана невозможен. Страшно е само што луѓето не се бунат за тоа“

Милан Младеновиќ беше еден од најголемите рокенрол-уметници на нашите простори. Сите ги знаеме неговите песни, но ги паметиме и неговите зборови. Неколку негови последни интервјуа и ден-денес се цитираат, а во продолжение ви пренесуваме една негова изјава со која многумина се поистоветуваат и денес.

- Животот овде стана невозможен. Страшно е само што луѓето не се бунат за тоа. Секој се плаши да не изгуби некој основен минимум кој, сепак, му беше загарантиран досега, а сега и тој минимум престанува да постои. Многу сум разочаран од луѓето кои дозволија да бидат погребани и морално и човечки, дозволија пријателите да ги предадат, тие да ги предадат своите пријатели и браќа и сè живо и сето тоа да заврши во еден општ хаос... Страшно е сè заедно: колку луѓето се неангажирани и колку тој основен минимум е поважен од човечкото достоинство, кое е сè подлабоко во калта. Понижени и навредени, буквално така - изјавил Милан во 1993 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот