X
 26.05.2025 Живот

Лет на дива патка регистриран од камера за брзина во Швајцарија - можно е патката да е повторен „прекршител“ на законот

Дива патка е фатена како се движи со брзина од 52 км/ч во зона со дозволена брзина од 30 км/ч, во предградието Кениц во Берн. Локалната полиција се прашува дали се работи за престапник што го повторувал кривичното дело.

Имено, полицијата истакнала дека точно пред седум години ваков вид патка била фатена како се движи со иста брзина на истата локација.

-Општината првично се прашувала дали сторителот е рецидивист (лице што повторно извршило одреден престап) - изјавила Сузане Банди, одговорна за комуникации со јавноста.

Затоа, таа контактирала со полицијата.

 

Оттаму ја увериле дека е невозможно сликата или радарскиот систем да биле манипулирани. Компјутерите се калибрираат и проверуваат еднаш годишно од страна на Швајцарскиот федерален институт за метрологија МЕТАС.


Дивата патка може да живее помеѓу пет и десет години. Значи, не може целосно да се исклучи дека „патката што ја надминува брзината“ од Кениз е престапник што го повторува кривичното дело.

Извор: swissinfo.ch

Фото:YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот