X
 17.07.2017 Култура

Зошто Хитлер не ја покори Швајцарија?

По Втората светска војна, Швајцарија останува непокорена. Таа опстанува како слободна, демократска земја во Европа, која се тресе под чизмите на нацистите, а истовремено соработува со Третиот Рајх.

Точно е дека таа чувала милијарди долари во злато кои нацистите им ги зеле на жртвите на холокаустот, но не треба веднаш да се оцени како нацистичка марионета. Германија за малку не извршила инвазија во државата.

„Швајцарија има најодвратни и најстудени луѓе во политичкиот систем“, му се жалел Хитлер на Мусолини во јуни 1941.

По поразот на Франција во летото 1940 што Третиот Рајх го постигнува со доминантните сили на Западна Европа, Германците планирале да ја покорат Швајцарија, а операцијата „Таненбаум“ требало да ги вклучи германските трупи од Франција, Германија и Австрија, додека Италијанците би дејствувале од југ.

„Изненаден упад од Женевското Езеро до Констанца, кон центарот на земјата“, гласел планот.
„Мораме да ги принудиме Швајцарците на брзо предавање користејќи супериорна сила“.

Швајцарија својата неутралност ја штитела со оружје, а сите швајцарски мажи биле снабдени со пушки во случај на мобилизација. За земја од 4 милиони жители, Швајцарија имала војска од 850.000 војници. Исто така, Швајцарија е планинска земја, што значи дека германските тенкови на нејзина територија би биле бескорисни.

По војната државата тврдела дека единствено што спречило Хитлер да ја освои е фактот што имала многу вооружени луѓе. Сепак, ова е малку веројатно затоа што тие веќе ја освоиле Франција, која важела за земја со најдобра војска во Европа. Швајцарија немала тенкови, артилерија и авиони. Иако е планинска, населените делови се на рамен терен и лесно би можеле да бидат прегазени.

Зошто нацистите не ја окупирале?

Едната причина е тоа што Хитлер ги сметал како дел од Германците, иако тоа не го спречило да ја окупира Австрија. Веројатно во тоа го спречила инвазијата на Русија, иако Германците и натаму собирале средства да го окупираат Балканот во пролетта 1941. А можеби и Швајцарија била премногу корисен посредник меѓу нацистите и светската економија.

Во секој случај, во војната влегла и излегла од неа како слободна земја.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура