X
 26.08.2019 Живот

Пронајдени радиоактивни изотопи по неуспешното тестирање на руската ракета

Рускиот државен метеоролошки завод денеска објави дека се пронајдени радиоактивни изотопи на стронциум, бариум и лантан во примероците земени по експлодирањето на ракета на 10 август во Северна Русија.

Облакот од радиоактивни гасови настана како резултат на распаѓање на изотопите и предизвика краток пораст на радијација забележана во градот Северодвинск по несреќата.

Пронајдени се изотопи на стронциум 91, бариум 139, бариум 140 и лантан 140.

При лансирањето на ракетата загинаа пет лица, а тројца беа повредени. Руските власти тогаш ги советуваа жителите од регионот Архангелск да ги напуштат домовите откако беше измерен раст на радијацијата од четири до 16 пати повеќе од дозволеното во Северодвинск.

Рускиот претседател Владимир Путин тогаш изјави дека било тестирано ново оружје, а американските нуклеарни експерти сметаат дека експлозијата се случила при тестирање нуклеарни крстосувачки ракети.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот