X
 26.09.2019 Образование

Калифорниски универзитет отвори Институт за истражување на љубезноста

Да му се помогне на колега од работа, да се интересира за здравјето на соседите во доцни години, да го пропуштите автомобилот во време на метеж – цела низа секојдневни убави гестови сега ќе бидат предмет на научни истражувања на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес (УКЛА), каде што синоќа официјално беше отворен Институтот за љубезност.

Тоа е интердисциплинарна студија која ќе ја истражува љубезноста преку еволуцијата, биологијата, психологијата, економијата, културата и социологијата, се вели во соопштението на Универзитетот.

- Институтот „Бедари“ за љубезност во УКЛА сака да биде противтежа на актуелниот политички контекст во свет полн со насилство и тензии - рече Дарнел Хант, декан на Факултетот за општествени науки на Универзитетот на Калифорнија.

Метју Харис, коосновач на Институтот, објаснува дека љубезноста лежи во секој од нас и ќе бидат потребни многу истражувања за да се разбере зошто љубезноста е толку ретка во современиот свет.

Научните студии покажаа дека љубезните гестови имаат многу позитивен ефект врз физичкото и менталното здравје на луѓето, а можат да бидат и заразни за луѓето што се сведоци на вакви потези.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование