X
 26.10.2023 Живот

Зошто е потребно младите од 15 до 25 години да имаат своја банкарска сметка?

Една од најдобрите работи во младоста што може да ги направите за себе е да научите како паметно да управувате со парите и како да стекнете финансиска независност.

Првата практикантска работа, првиот целосен ангажман со финансиска исплата, но и средствата што ги добивате од родителите во текот на школувањето е мудро да почнат преку пренос на вашата банкарска сметка поради неколку причини. Првенствено ќе создадете здрави финансиски навики, ќе развиете чувство на независност и ќе имате целосен увид на моменталната состојба, а согласно тоа и ќе го планирате својот буџет.

Отворањето и користењето на трансакциската сметка ќе ве поттикне да стекнете навика на штедење која ќе ви биде од голема корист низ годините понатаму. Колку побрзо ги научите овие совети, толку подобро ќе може да управувате и со поголема сума пари во иднина, придонесувајќи и за развој на економијата.

Ако сте на возраст од 15 до 25 години, важно е да знаете дека во Македонија има банка која е вистински пријател на младите лица и вложува во здрава патека на движење низ најважните години.

Шпаркасе банка, која важи за банка од доверба, се залага за поддршка на сите млади лица во остварувањето на нивните замислени цели. Шпаркасе банка креира бесплатен „Vibe on“ пакет за сите млади на возраст од 15 до 25 години, специјално дизајниран за да ги задоволи потребите и преференциите на младите.

Со активирање на Vibe on пакетот ќе добиете многубројни поволности, како бесплатно месечно одржување на трансакциската сметка. Сите преноси што ќе се одвиваат преку трансакциската сметка ќе бидат на сигурно, нема да стравувате дека ќе може да ги изгубите, а притоа финансиските средства ќе останат непроменети поради пакетот за одржување на трансакциската сметка без надоместок. Со активирање на оваа супер понуда за млади, ќе добиете и бесплатна Visa дебитна картичка за да може да подигнете пари од кој било банкомат на Шпаркасе банка низ државата.

Vibe on пакетот вклучува и бесплатно користење на С-Банка мобилна апликација и сите услуги што се достапни преку апликацијата како плаќање, користење на услугата „Плати на пријател“ и „Подели сметка“, но и 2 бесплатни подигнувања на готовина на АТМ од кој било АТМ во земјата (надвор од мрежата на Шпаркасе банка). Во наредниот период ќе следуваат и дополнителни изненадувања во рамките на Vibe on пакетот за млади.

Млади, верувајте во себе, создајте финансиска независност и животен стил на свој начин. Движете се во добар вајб-ритам, бидете дел од семејството на Шпаркасе банка и активирајте го бесплатниот Vibe on пакет со многубројни поволности!

Со новата кампања „Мој вајб на мој начин“ на Шпаркасе банка инвестирајте во здрав финансиски развој.

Верувај во иднината.

#ШпаркасеБанка

#МојВајбНаМојНачин

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот