X
 26.11.2018 Живот

Британски боксер го продава шампионскиот појас за да купи подарок за својот син

Британскиот боксер Рони Кларк го изложи својот шампионски појас на продажба на „Ибеј“. Тој претходно го освоил европскиот шампионски појас во верзијата ИБФ – втора полулесна категорија.

Почетната цена на појасот е 1.050 фунти. 33-годишниот Шкотланѓанец се решил на ваков чекор бидејќи немал пари да купи подарок за својот син за Божиќ.

Ова се должи на фактот дека поради повреда на противникот, неговата следна борба беше откажана.

Кларк посочи дека е подготвен да стави автограм на појасот, а исто така, доколку е потребно, да го испорача лично до купувачот.

Фото: newsbeezer

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот