X
 26.11.2021 Живот

Телеком продолжува да ја гради 5Г-мрежата низ Македонија

Македонски телеком продолжува да ја гради 5Г-мрежата на целата територија на Македонија. Во тек е интензивна работа на терен со партнерот Ериксон за замена на постојната технологија со опрема од најновата генерација која ќе овозможи 5Г-услуги, поголем капацитет и подобро корисничко искуство.

Од август досега се покриени 11 града во централниот и западниот дел на државата, а до крајот на годината ќе се покријат уште 2 во јужниот дел: Гевгелија и Дојран. Со планираните активности до крајот на годината, 20% од населението ќе бидат покриени со опрема од најновата генерација, а до средината на наредната година поголемиот дел од населението во урбаните средини ќе има можност да користи 5Г-услуги. За модернизација на мрежата и овозможување 5Г, компанијата инвестира над 45 милиони евра за наредните четири години.

Телеком ќе понуди 5Г-услуги со гигабитни брзини веднаш по добивањето на одобренијата за користење радиофреквенции од АЕК, што се очекува во првото тримесечје од 2022 година.

5Г - сојузник против климатските промени

Големите брзини и капацитети на новата 5Г-мрежа ќе донесат револуција во корисничкото искуство и создавање досега невидени услуги и производи кои ќе ни го поедностават животот во сите сфери.

Технологијата од петтата генерација, заедно со новите технологии: интернет на нештата, паметни сензори и вештачка интелигенција, ќе овозможи рационално и ефикасно да ги користиме природните ресурси и енергијата, да го зачуваме биодиверзитетот, да го зголемиме производството на храна, да ја намалиме емисијата на штетни гасови и др. Овие технологии ќе бидат најсилната алатка во борбата против климатските промени.

(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот