X
 27.01.2021 Здравје

Министерство за здравство: Имаме 73% помалку заболени од сезонски грип во споредба со претходната година

Министерството за здравство информира дека во сезоната 2020/2021 година вкупниот број на заболени од сезонски грип изнесува 433. Ова претставува 73,2% помалку во споредба со истиот период лани и 86,3% помалку во однос на типичната сезонска крива.

Според соопштението, најголемиот број заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението, од 15 до 64 години (190 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години.

Во втората недела од 2021 година се пријавени 36 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, со што се бележи зголемување од 18 случаи во споредба со истата недела во 2020 година.

Од Министерството додаваат дека во Македонија, заклучно со втората недела, вакцинирани се вкупно 48.406 лица против сезонски грип. Од нив 37.870 лица се вакцинирани со бесплатна вакцина, додека пак 10.536 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини.

Според Министерството за здравство, мерките за заштита од Ковид-19 придонеле за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување, истакнуваат оттаму.

Насловна фотографија: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје