X
 27.02.2025 Живот

Почина актерката Мишел Трахтенберг од „Озборувачка“ и „Бафи, убиецот на вампири“

Актерката од „Озборувачка“ и „Бафи, убиецот на вампири“, Мишел Трахтенберг, почина на 39-годишна возраст.

Актерката била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Њујорк, откако полицајците одговориле на повик од „911“. Отворена е истрага за нејзината смрт, но не постои сомневање за криминалност, соопштиле од полицијата.

- Семејството бара приватност за нивната загуба - истакнал претставникот на Трахтенберг, Гери Мантуш.

Трахтенберг беше најпозната по нејзината улога како Дон Самерс во „Бафи“, помладата сестра на главниот лик толкуван од страна на Сара Мишел Гелар помеѓу 2000 и 2003 година. Помеѓу 2008 и 2012 година таа ја играше Џорџина Спаркс во „Озборувачка“ - злобната ривалка на Серена ван дер Вудсен, толкувана од Блејк Лајвли, и Блер Валдорф, толкувана од Лејтон Мистер.

Таа, исто така, глумела во филмот „17 повторно“, каде што ја портретира ќерката Меги О'Донел, во комедијата „Евротрип“ и тинејџерскиот филм од 2005 година „Ледената принцеза“.

Ким Катрал, која ја игра сопственичката на лизгалиштето и лизгачката Тина Харвуд во „Ледената принцеза“, објавила фотографија од неа и Трахтенберг од тој филм.

Сочувство и реакции за нејзината смрт изјавиле нејзиниот колега од „Озборувачка“, Ед Вествик и коѕвездата од „Бафи“, Дејвид Бореаназ.
Првиот голем пробив на Трахтенберг во Холивуд бил во 1996 година, глумејќи во адаптацијата на големиот екран на „Хариет шпионката“.

Нејзиното последно филмско појавување се случи минатата година кога ја играше улогата на Мишел Коди Вајт во „Спајрал“. Трахтенберг имала објави на социјалните мрежи во последните месеци за да им каже на фановите дека е добро и покрај загриженоста дека изгледа изнемоштено.

Извор: news.sky.com

Фото: Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот